СДСМ со соопштение до медиумите, во кое се вели:
„Образованието во Македонија е во многу лоша состојба, пред се, поради лошите политики и законски решенија што во континуитет предизвикуваат штетни последици врз целиот образовен процес.
Партизацијата на образовните институции и назначувањето на партиски кадри го омаловажува и го урива системот на образование а младите образовани луѓе ги брка надвор од Македонија.
СДСМ заедно со граѓаните гради платформа со којашто нуди европско образование во Македонија во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите.
Студентот ќе биде активен учесник во промените во високото образование. Скопје со два нови студентски универзитетски центри.
Го укинуваме екстерното тестирање и ја враќаме целосната автономијата на Универзитетите.
Го враќаме предучилишното едногодишно образование за изедначување на децата од сите социјални средини и го намалуваме бројот на предмети во основното и средното образование.
Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во салата на советот на општина Крива Паланка, ќе се одржи дебата од проектот Визијата за Македонија на тема „Како да обезбедиме квалитетно образование“.
На темата ќе се обратат потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, претседателот на Комисијата за образование, Петар Атанасов и членот на Извршниот одбор, Максим Димитриевски.
Потоа ќе биде отворена дебата со присутните.“- стои во соопштението.