Совети за охриѓани како да се заштитат од провални кражби

„Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес го организира во основното училиште „Христо Узунов“ во 18 часот.

Состанокот е планиран во соработка со Локалната самоуправа – Охрид – сектор за комунален развој, а поканети се претседатели и преставници на урбаната заедница „Горна влашка маала“, претставници од заедници на станари и заинтересирани граѓани.

На средбата, инспектор за превенција по криминалистички работи, со „PowerPoint“ презентација ќе одржи едукативно предавање на тема:„Обезбеди се не биди жртва на кражби“.

На средбата предвидени се наменски осврти и на одредбите од Законот за домување.