Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски по завршување на лидерската средба на која беше финализиран Договорот од Пржино, изрази задоволство што разговорите завршија со успех и потенцира дека е важно што е договорно изборите да не се одложуваат и да се одржат на 24 април 2016 година.
„Јас сум многу задоволен од она што го договоривме. Наша стратешка цел како партија беше да се бетонира датумот на избори, за што од СДСМ имаше обиди да го одложи, односно бараше да биде одложен, но ние тоа не го дозволивме и инсистиравме да остане 24 април и успеавме во тоа. Датумот за избори со законите што сега ќе ги предложиме во Парламентот ќе биде дефинирано дека на 24 април ќе се спроведат предвремените парламентарни избори“, изјави Груевски.
Спроед него главната цела на ВМРО-ДПМНЕ е постигната за одржување на изборите на 24 април кога, како што рече граѓаните ќе имаат можност да го кажат последниот збор, бидејќи тие се оние кои одлучуваат во оваа држава.
„Ние веруваме во народот. Ние веруваме во неговите одлуки, дека знае да направи правилен избор и затоа ни беше важно колку што е можно побрзо и без одложожување да има избори и народот да може да си донесе одлука и да каже на кому му верува за понатаму. Народот знае да го препознае тоа, знае да препознае што се политички игри и интриги и дека со влакана игра не се доаѓа на власт, туку со труд, работа, резултати, идеи“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека очекува убедлива победа на изборите, дури и подобра од онаа минатата година.
Истакна дека на средбата се усогласи законот за влада во кој, како штоп појасни, е клучно дека никој нема да може да биде исфрлен од работа или сменет, а да не е тоа според закон. – Дури, додаде, и некој ако го прекрши законот и биде сменет, новиот што ќе биде назначен ќе добие од дополнителниот заменик министер за внатрешни, кој ќе има право на вето, со што ќе се обезбеди контрола на кадровското работењето во МВР во смисла да не се претвори МВР во партиска испостава на една политичка партија.
Истакна дека се усогласени и законите за свиркачи и нелегалните матгеријали кои ќе се усвојат заедно во пакет со законот за влада, со законот за избори, но оти законот за нелегалните материјали ќе стапи на сила по шест месеци. Предвидено е, како што рече, во меѓувреме да се испрати тојдо Венецијанската комисија да се добие мислење, мислењето да се разгледа и доколку има потреба да се интервенира во законот и доколку се добие пред тие шест месеци би се интервенирало веднаш и тој би стапил веднаш на сила.
Како што рече работните групи денеска треба да ги доусогласат законите и од понеделник се очекува да влезат во Собранието.
За договорените имиња за министри и заменици од редовите на СДСМ, премиерот Груевски рече дека е карактеристично дека станува збор за истакнати партиски имиња, што според него е добро бидејќи така ќе преземат политичка одговорност.
„Она што е карактеристично за имињата е дека се работи за истакнати партиски имиња и мислиме дека е тоа добро, сакаме партиски да си преземат политичка одговорност, а не да се кријат зад наводно некакви експерти кои се анонимни членови на СДСМ. Па народот нека види кој како работи па нека направи разлика“, истакна Груевски.
За реализација на наредните фази од спроведување на Договрот од Пржино премиерот Груевски рече дека од нивна страна се што е договорено ќе биде испочитувано како што пишува во договорот,н о оти нема да биде изненаден ако во договарање на прашањето за медиумите СДСМ повторно се обиде да ги одолговлекува работите за да не дојде до договор и тоа да биде алиби да се одложат изборите.