Прекин на водоснабдувањето на улицата „Трајче Трајчески“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес, поради настанат дефект на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улица „Трајче Трајчески“ во период од 09:00-12:00 часот. Екипите на МЈП „Проаква“ се на терен и работат на отстранување на дефектот.