Министерот Спасовски одржа средба со амбасадорот на САД Џес Бејли

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одржа протоколарна средба со Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Н.Е. Џес Бејли и Програм менаџерите и претставници од Амбасадата Дејвид Стефенсон, Џаред Турман,  Ричард Хатлер, Џорџ Кларк и  Метју Хенд.

Министерот Спасовски ја презентираше актуелната политичко-безбедносна состојба во земјава и ги истакна своите заложби како министер за доследно почитување на законитоста и професионалноста во работата на вработените лица на Министерството. На средбата, исто така, тој ја претстави и моменталната ситуација од аспект на бегалската криза, потенцирајќи дека Република Македонија презема се што е во нејзина моќ за да ја осигура безбедноста на своите граѓани и да пружи хуман третман на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија.