СДСМ: Бакрачески на последната седница не одговори на ниту едно од поставените советнички прашања

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Никола Бакрачески на последната седница на Советот на општина Охрид не одговори на ниту едно од поставените советнички прашања.

Градоначалникот Бакрачески немаше одговор дали и кога ќе се гасифицира Охрид.

Немаше одговор дали и кога ќе се изгради домот за стари лица во Охрид.

Бакрачески не им одговори на граѓаните од улиците Ристо Чадо и Питу Гули зошто при реконструкцијата на улиците не е заменета водоводната инсталација стара над 40 години.

Ниту дали ќе се изгради спортска сала и фудбалското игралиште во с. Лескоец.

Дали ќе се реши проблемот со поплавувањето на делови од градот или кога ќе се направи атмосферска канализација на критичните места во градот и околните села.

Граѓаните знаат дека Никола Бакрачески ниту има со што да се пофали, а ниту планира да направи нешто за охриѓани.

„Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски и виртуелните проекти Охрид го ставија на првото место по бројот на иселени млади луѓе.

Времето на Никола Бакрачески и Никола Груевски помина.

Збогум Никола!“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.