Македонија веднаш треба да стане член на НАТО – Средба со претседателот на САД Барак Обама

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска на маргините на 21. Самит за климатски промени COP21, што се одржува во Париз, оствари средба со претседателот на САД, Барак Обама.

На средбата двајцата претседатели разговараа за интеграциите на Република Македонија во НАТО.

Претседателот Иванов притоа истакна дека ситуацијата со Македонија е се уште стаус кво, без никаква статусна промена во однос на НАТО, додавајќи дека Македонија треба веднаш да стане полноправна членка на НАТО.