Во недела ќе се преосветува црквата „Св.Великомаченик Пантелејмон“ во Велгошти

Црковниот одбор при Велгошката парохија, ги информира православните верници дека во недела (6-ти декември) ќе биде преосветена парохиската црква „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велгошти, Охрид.

Како што информираат, утрена богослужба ќе се служи со почеток во 7:30 часот, додека пак преосветувањето ќе се изврши со почеток во 8:30 часот, на кое ќе чиноначалствува Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод од Црковниот одбор ги покануваат сите верници и добронамерници да присуствуваат на овој свечен чин.

 WebOhrid