Кружната крстосница кај Охридска банка затворена за сообраќај

Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид ги информираат граѓаните дека поради поставување на завршниот слој на асфалт на новата кружна крстосница на булевар „Туристичка“ со ул. „Македонски Просветители“ од денес до недела во периодот од 8 до 18 часот оваа крстосница ќе биде затворена за сообраќај на следните локации: Булевар, „Туристичка“ на пресек со ул.„Абас Емин“ и ул. „Даме Груев“ како и на пресекот на улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ со бул.„Туристичка“.

Од општина Охрид ги молат граѓаните во овој период да ги користат околните улици за сообраќај, а за избегнување евентуален сообраќаен метеж посочуваат да се користи обиколницата на град Охрид, односно ул. „Железничка“.

Воедно, надлежните од локалната власт им се заблагодаруваат на граѓаните за соработката при изградбата на оваа кружна крстосница и измената на сообраќајниот режим на овој дел од улицата.

Со изградбата на оваа, како и преостанатите 3 нови кружни крстосници на бул. „Туристичка“ се придонесува кон подобрување на протокот на луѓе и возила на оваа главна сообраќајна артерија во градот.