Секоја година во ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид се организираат различни активности со кои се одбележува 3-ти декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост. Учениците со психофизички пречки во развојот, сместени во 3 посебни паралалки, како и оние кои се инклудирани во редовни паралелки, придружени од своите врсници од I, IV и VI одделение, денес учествуваа на креативни работилници на кои изработуваа накит.
Освен за овие ученици, креативните работилници се организираа во скоро сите училници во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници, а на нив учествуваа родителите, наставниот персонал и учениците кои изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба. Одзивот на родителите ги надмина очекувањата, со што тие потврдија дека се вистински партнери во многубројните активности што ги организира училиштето. Благодарение на креативноста и вештината на учесниците на работилниците, изработени се голем број новогодишни украси, накит и други декоративни новогодишни премети со оригинален дизајн.
Изработените предмети се наменети за продажната изложба која ќе биде организирана на 07.12.2015 во 18:00 часот во холот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, пред отпочнивање на свечената приредба што ја организира училиштето во чест на Патрониот празник. Собраните средства се ќе бидат наменети за набавка на дидактички средства за учениците со посебни потреби, како и за помош на социјално загрозена категорија ученици.
Учениците со психофизичка попреченост во развојот, со кои се реализира воспитно-образовна дејност во ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, заедно со своите другарчиња од редовните паралеки, минатата седмица настапија во Драмски театар во Скопје со своја претставата „Легенда за Охрид“ на Националниот фестивал за лица со и без хендикеп „Игри без маска – театар без дискриминација“. Со истата претстава ќе се претстават и вечер во НУ „Григор Прличев“ – Охрид во рамките на манифестацијата „Инклузивна уметност“, настан кој се организира по повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лица со попреченост.