Повеќе од педесетина ученици од прво до петто одделние од ОУ „Григор Прличев“ подрачна единица Рача денес ја посетија локалната Телевизија Морис.
Основците се запознаа со начинот на работење и информирање, ги посетија просториите каде се снимаат емисии и информативната програма како и редакцијата во која се подготвува дневникот.
Најмногу ги привлече студискиот простор, како и преточувањето на снимката при монтажа, па до целосна сликовна реализација.
Дел од дечињата изразија желба еден ден да работат како новинари и водители во телевизија.