Квалитетот на Економското училиште докажан на Државниот натпревар за „Лидер на струка 2015“

На Државниот натпревар за избор на лидер на струка одржан во Гевгелија се натпреваруваа ученици од четири профили: деловен секретар, правен техничар, економски техничар и банкарски техничар. Од профилот економски техничар се натпреваруваа ученици од 12 училишта.

На државниот натпревар му претходеа интерни тестирања во училиштето. Најуспешниот ученик од интерното тестирање во завршната година, се стекна со учество на државнот натпревар.

На државниот натпревар ученикот Наумче Јончески го освои третото место, под менторство на магистер проф. Весна Карамитре.

Економското училиште СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ како нов правен субјект создаваше и создава успешни ученици, кои од досегашното искуство ги докажале своите квалитети.