Атлетски крос и футсал во чест на Св. Климент- Патрон на градот Охрид

По повод празникот Св. Климент Охридски, патрон на градот Охрид , денеска на кеј „Македонија“ се одржа атлетски крос на којшто учествуваа 250 учениците од охридската гимназијата.

На програмата беа 4 трки.

Прва трка женска конкуренција за прва(1) и втора (2) година на образование:

Пласман

1.Викторија Алексиоска 1-2
2.Тамара Маркоска 1-2
3.Андреа Трајческа 2-6

Втора трка машка конкуренција за прва (1) и втора( 2)година на образование:

1.Давид Ѓурчиноски 1-6
2.Бојан Стојаноски 1-4
3.Марко Јованоски 1-6

Трета трка женска конкуренција за трета (3)и четврта (4) година на образование:

1.Ивона Трајческа 3-1
2.Мила Иваноска 3-1
3.Антонела Трајкоска 3-1

Четврта трка машка конкуренција за трета (3) и четврта (4)година на образование:

1.Христијан Јованоски 3-6
2.Новица Велјаноски 3-5
3.Славцо Грчески 3-7

По повод празникот денеска со во 11:00 часот во салата „Климент Колески“ се одигра финалето на футсал турнирот на кој учествуваа 16 екипи и беа опфатени 130 ученици.

Победник во финалето е екипата на второ (2) -3 одделение

За победниците на Атлетскиот крос и Футсал финалето беа доделени пофалници од Општина Охрид.