Договорите за ученички стипендии ќе се потпишуваат до 30-ти декември

Министерството за образование и наука ги информира сите ученици – кандидати на конкурсот за ученички стипендии за учебната 2015/2016 година, на кои им е доделена стипендија во некоја од категориите, потребно е лично да се обратат во Одделението за ученички и студентски стандард при Министерството, или на телефонскиот број 02-3140/147 каде ќе добијат подетални информации поврзани со потпишување на договор и доставување на трансакциска сметка.

Потпишувањето на договорите ќе се врши заклучно со 30.12.2015 година.