Ема Николоска и Сергеј Костовски се добитници на наградите од литературниот конкурс

Литературните творби „Охрид во чест на Свети Климента“ од Сергеј Костовски ученик во прва година во ОУТУ „ Ванчо Питошески“ и „ Ѕвездата кон Бога“ од Ема Николоска ученичка во четврто одделение во ОУ „Григор Прличев“ се добитници на наградите на Литературниот конкурс, кој по повод 8 Декември- Денот на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, за учениците од охридските основни и средни училишта, го распиша градоначалникот Никола Бакрачески.

На добитниците, наградите во вредност од 3.000 денари, ќе им бидат врачени денеска, на 7.12.2015 година (понеделник) во 13 часот во Куќата на Уранија.

На конкурсот пристигнаа 54 литературни творби од ученици од основните и средните училишта, од кои жири комисијата составена од писателите Смиле Наумоски, Маја Мојсова и Гоце Ѓоршовски, ги одбра двете најдобри.

Наградените литературни творби можете да ги преземете тука…

Sвездата кон Бога
Охрид во чест на Св. Климент Охридски