Селекторот Ангеловски го објави списокот на селекцијата составена од домашни фудбалери

Игор Ангеловски го објави списокот на селекцијата составена од домашни фудбалери

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат за селекцијата составена од домашни фудбалери на натпреварите против селекцијата на странци во 1МФЛ и дуелот против играчи од селективниот камп на репрезентацијата до 21 година.

Голмани: Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Марко Јовановски (Шкендија); Одбрана: Горан Силјановски (Работнички), Мевлан Мурати (Шкупи), Мите Цикарски (Работнички), Бојан Најденов (Х. Турново), Дарко Глишиќ (Вардар), Кире Ристевски (Работнички); Среден ред: Бобан Николов (Вардар), Армент Алими (Шкендија), Глигор Глигоров (Силекс), Никола Тонев (Брегалница); Напад: Марјан Радевски (Шкендија), Бесарт Ибраими (Шкендија), Изаир Емини (Ренова), Филип Ивановски (Вардар), Дејан Блажевски (Вардар), Марјан Алтипармаковски (Работнички);

Селекторот Ангеловски ќе смета на играчите за натпреварот на 12 декември кој ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а на 14 декември овие играчи ќе одиграат со играчи од селективниот камп на младата репрезентација. Репрезентацијата до 21 година на 12 декември ќе ги одмери силите со Хоризонт Турново во пријателски натпревар кој ќе се игра во Велес.

„Ќе одиграме два натпревари, на 12 декември против селекцијата на странци во нашата лига и два дена подоцна против комбиниран тим на младата репрезентација на Македонија. Целта е да добиеме увид во потенцијалот на играчите кои не добија шанса да настапат во А репрезентацијата на контролните натпревари против Црна Гора и Либан. Во составот нема да бидат вклучени играчи од Првата лига кои беа повикани на претходните два натпревари. Ќе биде добар натпревар, тимот на странци со Шпетим Дуро е многу квалитетен, но натпреварот е одлична можност за проверка на потенцијалот на играчите кои ќе бидат во составот“, – изјави Игор Ангеловски откако беше потврдено дека ќе се одиграат двата натпревари.