По повод големиот хрстијански и државен празник Свети Климент Охридски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед.
Во честитката се вели:
„Во мое име и во името Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија го честитам големиот христијански празник Свети Климент Охридски на сите православни верници.
Чествувањето и почитувањето на делото на основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, Свети Климент Охридски, кој целиот свој живот го посветил на просветителство и описменување, е од огромно значење за зачувувањето и унапредувањето на македонската култура и цивилизациските вредности со универзално значење.
Со одбележувањето на овој ден, се потсетуваме и на суштинското значење на солидарноста и почитувањето на заедничките вредности кај луѓето. Дела на Свети Климент Охридски не обврзуваат сите нас, патеките на меѓусебно разбирање, почитување и помагање да ги промовираме, да ги следиме и заеднички да ги поттикнуваме.“– стои во честитката.