Утре директорите на ФЗОМ, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, ќе остварат работна посета на охридските здравствени установи: Oпшта Болница Охрид, Болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо и Завод за кардиоваскуларни заболувања.
Директорите заедно со менаџерските тимови ќе дискутираат за буџетите за 2016 година и воведување на нови методи во овие здравствени установи.