Младинската организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ се вклучи во кампањата за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и девојките“, како дел од глобалниот активизам, што трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права во организација на Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија.
Под мотото „Обој го светот во портокалово, стави точка“ и „#HerForShe“ денеска во дворот на Училиштето учениците и професорите формираа голема „портокалова панделка направена од луѓе“, со цел симболизирање посветла иднина во која нема место за насилство.
Претседателот на Младинската организација – Наталиа Наумоска и заменикот-претседател на Ученичката заедница – Дајана Сиљаноска потпомогнати од членовите Филип Стојаноски и Наум Нестороски, како главни иницијатори за остварување на идејата за формирање на портокаловата панделка беа насочувани од професорот Перчо Божиновски – ментор на Младинската организација. Во подготовката се давааа насоки за потребните ресурси коишто учениците ги искористија: креди, долга портокалова лента, портокалови листови, маркери, хамери и фломастери. Честитки и благодарност за учениците како главни актери за флеш-мобот.
Без големата мотивација на учениците и нивната желба до реализација немаше да биде сето тоа остварливо. Заклучокот е дека само така заедно здружени може да се запре и да се застане против родово-засновано насилство.