ОО на СДСМ Охрид испрати реакција во која стои:
„Ситуацијата во Општата болница во Охрид е крајно драматична, затоа што пациентите се соочени со крајно лоши и нехумaни услови.
Тодоров и Груевски се плашат од вистината за хаосот што го создадоа во здравството.
Затоа обезбедувањето на болницата не дозволи вчерашната прес конференција на СДСМ Охрид да се одржи во кругот на болницата, на којшто беше укажано како работи болницата и со што се се соочуваат пациентите.
Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското одделение нема греење. Во ек на ниски температури, пациентите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат.
Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки со цел да си обезбедат минимум соодветни услови за својот престој.
После вчерашната реакција на директорот на болницата во која тој го обвини секретарот на СДСМ дека не ја кажува вистината, загрижени граѓани испратија фотографии со коишто се потврдува она за кое ние укажавме.
На фотографиите во прилог, јасно се гледа дека пациентите сами си обезбедуваат греење со дополнителни грејни тела.
Хаосот во здравството е резултат на погрешните политики на Никола Тодоров и Никола Груевски, а граѓаните тоа многу добро го препознаваат. Затоа тие имаат една заедничка идеја: Збогум Никола!“– стои во реакцијата на ОО на СДСМ Охрид.