Рано утрово околу 04.00 часот во Струга во ноќен клуб нарушен бил Јавниот ред и мир од страна на Д.С.(25) и Ѓ.С.(24) двајцата од населба „Езерски лозја“-Струга, и уште две засега непознати лица.
Имено, истите не сакале да ја платат сметката за донесена нарачка, по што започнале расправија со келнерите и обезбедувањето, а потоа и со сопственикот на објектот, по што и физички го нападнале, а почнале да го кршат и инвентарот. Од исфрланите предмети од нивна страна со тешки телесни повреди се здобила 22 годишна жителка на Струга, која била пренесена во МЦ-Струга и по укажаната лекарска помош е задржана на понатамошно лекување.
Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.