Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес на покана на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, престојува во работна посета на Брисел.
Претседателот Иванов заедно со претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на којашто ќе се разговара за актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза, како и за интеграцијата на Република Македонија и регионот во Европската унија.
Во делегацијата предводена од претседателот Иванов е и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски.