За првпат во Скопје Божиќен Маркет

По примерот на светските метрополи, за првпат и Скопје ќе добие вистински Божиќен маркет. Од утре па се до 13.01, централниот градски плоштад „Македонија“ ќе биде претворен во божиќна бајка.

Секој ден во попладневните часови ќе има забавна програма со Дедо Мраз за најмалите, а потоа секојдневни музички настапи на македонски артисти. Крајот од секоја вечер ќе биде крунисан со шоу со огномет и акробати. За уживањето да биде поголемо, ќе има штандови со пиво, греено вино, ракија, колачиња, пецива, чоколади, колбасици на германски начин, топли напитки, млечни производи, мезиња и уште многу слатки задоволства.

Конечно од утре и Скопје ќе биде исполнет со новогодишна еуфорија во стилот на големите европски градови како Прага, Берлин, Будимпешта, Париз, Виена. Бидете и вие дел од првиот вистински Божиќен маркет.