Општина: Граѓаните насекаде околу нив гледаат реализирани или проекти во тек

Во врска со денешната прес-конференција на советничката група на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид во која стои:

„Продолжува циклусот прес конференции на СДСМ – Охрид, неинвентивни, безидејни, без концепт и програма. Продолжуваат чаршиските муабети на раководството на СДСМ – Охрид со податоци „извадени“ од ракав после некоја седенка во кафеана.

Откако увидоа дека сите проекти кои што градоначалникот Бакрачески им ги вети на охриѓани се завршени или се во завршна фаза, а се создадоа предуслови и за отпочнување со градба на капиталните проекти, охридските социјалдемократи во паника, понесени исклучиво од чувството на силна љубомора и завист за сето добро што му се случува на Охрид, со празни пресови многу дена по завршување на Седницата на Советот на град Охрид ја замајуваат охридската јавноста. И сето тоа го прават со цел да ја затскријат сопствената неспособност да понудат нови добри проекти за Охрид како и да го прикријат нивното лошо владеење во периодот кога тие беа власт во градов.

И наместо да зборуваат„ празни „муабети од СДСМ – Охрид подобро е да потсетат дека граѓаните на секаде околу нив гледаат реализирани или проекти во тек кои се за нивно и доброто на Охрид.

Господо од СДСМ што се однесува до фразата „Збогум Никола“ која ја употребувате континуирано во вашите празни прес конференции или соопштенија ќе ви кажеме дека таа е потврда за вашата тотална неинвентивност и отсуство на нови идеи во пишување на соопштенија или одржување пресови.

И додека СДСМ – Охрид продолжува да се занимава и да „труе“ со своите празни желби , бројните проекти се белег по кој граѓаните ќе го паметат мандатот на градоначалникот Никола Бакрачески.“ – се вели од реакцијата испратена од Општина Охрид.