Во Министерството за култура на денес, се одржа средба на која присуствуваа, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска и претседателите на здруженијата за заштита на авторски музички права…
На средбата беше разговарано за актуелните состојби и потребата од изнаоѓање на прифатливо решение кое ќе биде во интерес на авторите и корисниците (Радио телевизиските организации), а истовремено, ќе биде во функција на остварување на јавниот интерес во областа на музиката.
На состанокот е договорено: Почнувајќи од 04.01.2016-та година во рок од 15 дена работни групи составени од претставници на Министерство за култура, Министерството за информатичко општество и администрација и на здруженијата за заштита на авторски музички права, да работат на утврдување на текстот на законот за изменување и дополнување на Законот за авторскот право и сродните права, предложен од страна на здруженијата.
На средбата е договорено, здружнието ЗАМП, забраната за емитување авторски музички дела од репертоарот на ЗАМП да ја стави во мирување до 20.01.2016-та година. Исто така, договорено е здружението ЗАМП да ги извести странските организации за колективно управување со авторските музички права (ХДСЗАМП- Хрватска и СОКОЈ – Србија), како и радио телевизиски организации во Република Македонија.