Охридската полиција со честитка за Нова година

Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со Македонскиот полициски синдикат, денес, на симболичен начин со подарување на новогодишни лампиони, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ќе ја прослават новогодишната ноќ, им ја честита Новата 2016-та та година.

„На овој начин, сакаме како полиција, на сите граѓани да им посакаме здравје, лична среќа, деловен успех и се најдобро во годината што следува.

Истовремено сакаме да укажеме на неопходноста од воздржување на употреба на петарди и други пиротехнички средства за време на новогодишната прослава. Апелираме до сите возачи да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.“- велат од охридската полиција.

Во текот на новогодишната ноќ, полициски службеници ќе бидат поставени на градскиот плоштад а сообраќајната полиција ќе врши контрола на сообраќајот во градот и околните населени места. Целта е да се зголеми степенот на безбедност во градот а граѓаните и туриститете да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид.