Градоначалникот Бакрачески присуствуваше на литургија за Божик

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески присуствуваше на света литургија што утрово се одржа во црквата „Св. Георгиja“ во населбата Горна влашка мала, а по повод големиот христијански празник, Рождеството Христово- Божиќ.

Заедно со своите сограѓани, православни христијани, градоначалникот Бакрачески се помоли за добро здравје на своите ближни но и на сите граѓани. Тој посака Божјата милост да ги прати сите луѓе на патот кон успехот, меѓусебното разбирање и толеранцијата а оние кои слават празникот да го минат во добро расположение заедно со семејството и ближните полни со љубов, добра мисла и меѓусебно разбирање.