Груевски: Рано е за изјави, сега одам да отворам фабрика

Премиерот Никола Груевски, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Пржино, не даде изјава за медиумите. Тој кусо рече: „Рано е за изјави од Пржино, сега одам да отворам нова фабрика“.

Тој на средбата беше придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, и од шефот на кабинет, Мартин Протоѓер.

Средбата траеше околу еден час, а Хан претходно се сретна и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, по средбата со еврокомесарот, рече секоја институција треба да даде процена до каде се стигнати подготовките за организирање на изборите.

Извор: meta.mk