Четврта меѓународна конференција „Охрид-Водици 2016“

Во Охрид од 17ти до 19ти јануари ќе се одржи четвртата меѓународна конференција за културно наслество, економски развој, туризам и медиуми „Охрид-Водици 2016“.

Годинава конференцијата ќе биде на тема „Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“.

На истата ќе учестуваат 62 реферати од 14 земји, а за прв пат ќе има учесници од 4 континети (Европа, Америка, Африка и Азија).

Конференцијата ќе биде отворена на 17 јануари во 13 часот во „Куќата на Уранија“, а предходно во 12 часот ќе биде отворена фото-изложба „Славата на бреговите на Нил: Културното наследство на Египет“, во просториите на Музејот „Куќата на Робевци“.