Охриѓанец фрлил солзавец во кафе бар и избегал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р. (31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предивикување општа опасност“.

На 09.01.2016 година, во 02.10 часот, во Охрид во кафе бар пријавениот испуштил хемиско средство во објектот, по што веднаш го напуштил истиот. Притоа било предизвикано печење во очите и тешко дишење на присутните гости кои во моментот биле внатре.