Во рамките на активностите за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука и останати партнери организираа сообраќајно едукативна кампања „За поголема безбедност во сообраќајот“.
Акцијата се состоеше, со тоа што на оградниот ѕид од училиштето беа поставени сообраќајно едукативни пораки поставени на церада, платно, хамер хартија или друга форма. Пораките беа упатени кон возрасните, со цел да внимаваат на децата во сообраќајот пр: „ Во близина на училиште намали ја брзината„ „Биди внимателен децата немаат сопирачки“, „Носете безбедносен појас“ итн.
Пораките беа изработени на три јазици од страна на децата кои учат во училиштето.