Во одвоени случаи пронајдена дрога кај кичевчани

НК за КР Кичево поднесе кривична пријава против П.П. (38) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.12.2015 година во Кичево од страна на полициски службеници извршен е преглед над пријавениот при што е пронајдена 0,67 грама наркотична дрога хероин.

НК за КР Кичево поднесе кривична пријава против И.Ј. (25) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 12.12.2015 година, во близина на Правниот факултет во Кичево, од страна на полициски службеници извршен е преглед на пријавениот, кој бил во друштво со Р.Ј. и Д.Ј., двајцата од Кичево, при што кај пријавениот е пронајдена рачно направена цигара од 0,53 грама мешавина од тутун и наркотична дрога марихуана која ја консумирале.