Со низа активности ќе се одбележи патронатот на ОУ „Григор Прличев“

Основното училиште „Григор Прличев “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето(6-ти февруари).

По тој повод во четврток, 4-ти февруари со почеток во 18:30 часот, во Подрачното училиште „Григор Прличев“, населба Рача ќе се одржи свечена приредба.

Свеченостите продолжуваат и во петок (5-ти февруари) со полагање на лавров венец и свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште, потоа ќе се одржи панихида и ќе се положи цвеќе пред гробот на Григор Прличев.

Во 11 часот во ОУ „Григор Прличев“ ќе се одржи охридската визита.

Годинешните случувања посветени на лавроносецот, завршуваат попладнето, во изложбениот салон НУЦК „Григор Прличев“, со ликовната изложба на цртежи од учениците од истоименото основно училиште и доделување на наградените творби, како и со свечената приредба која ќе се одржи по повод патрониот празник.

ПРОГРАМА

04. 02. 2016 год. (четврток)

18:30 часот

Свечена приредба во ПУ населба Рача

05. 02. 2016 год. (петок)

10:30 часот

Полагање на лавров венец и свежо цвеќе на бистата на
Григор Прличев

11:00 часот

Прличева визита
Место: ОУ “Григор Прличев”

18:30 часот

Ликовна изложба и доделување на наградените творби
Место: Изложбен салон НУЦК “Григор Прличев”

19:00 часот

Свечена приредба
Место: НУЦК“Григор Прличев”