Потпретседателот на СДСМ и актуелен заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, д-р Гоце Чакаровски, утре ќе оствари средби со жителите од населените места Лешани, Белчишта и Мешеишта, општина Дебрца.
На средбите се очекува да се разговара за проблемите на жителите, за решенијата на СДСМ, но и за актуелната политичка ситуација во земјата.