Британскиот амбасадор во нашата земја Чарлс Гарет, денес оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Во разговорот беа разгледани повеќе прашања, кои се од интерес за Охрид и Обединетото Кралство. На средбата стана збор и за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за која соговорниците се согласија дека треба да се вложат максимални напори и добра волја на сите политички актери, за надминување на постоечката состојба.
Градоначалникот Бакрачески го запозна британскиот амбасадор, со плановите за развојот на Охрид и перспективите кои ги нуди нашитот град. Двајцата соговорници се согласија дека отворената авиолинија Охрид – Лутон е добра подлога за идните релации меѓу Охрид и Лондон и можните бизнис релации кои би се воспоставиле со британските инвеститори.