Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино.
Ова денеска го истакна премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев во Владата одговарајќи на новинарско прашање.
„И сметам дека треба да се држиме до она што веќе го имаме договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија“, рече Димитриев.
Тој не гледа ниту една причина 24-ти април да биде дискутабилен како датум за предвремени избори.