Mинистерот Спасовски се сретна со Генералниот Директор за безбедност во Светскиот еврејски конгрес

Вчера во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски се одржа средба со Омри Сигелман, Генерален Директор за безбедност во Светскиот еврејски конгрес. На средбата се разговараше околу неколку точки од интерес за безбедноста на Република Македонија, еврејската заедница во Република Македонија, регионалните земји и светот. Исто така се зборуваше за заканите кои доаѓаат со интензивирањето на бегалската криза, односно заканите од радикализирани групи кои преставуваат опасност за сите земји во светот.

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спавовски ја искажа важноста за стабилизирање на политичката состојба во Република Македонија.

Oд страна на г-дин Омри Сигелман се искажа благодарност за добриот однос на МВР на РМ кон еврејската заедница во Република Македонија и за одличната соработка со истата. Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски посочи дека тоа е и работа на полицијата во Република Македонија и дека сите граѓани имаат еднаков третман.