Средба на министерот Спасовски со високи претставници од Советот на Европа

Вчера во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа состанок меѓу делегација на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија предводена од Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа Лисе Кристоферсен и Валериј Гилетчи и секретарот на Комисијата за мониторинг Силви Афхолдер.

Министерот за внатрешни работи и Известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа, имаа можност да разговараат и да разменат информации главно за статусот на имплементацијата и доследното и суштинско исполнување на обврските на Договорот од Пржино, особено подготовките за обезбедување на фер и демократски изборен процес и мерките кои во тој правец ги презема Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.