Во периодот од 18 до 20 Февруари, општина Вевчани ќе биде домаќин на државното првенство во футсал за основни училишта, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, како домаќин на првенството.
На отворањето на државното првенство ќе присуствува и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, а ќе учествуваат следните основни училишта:
– ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани
– ООУ „Аврам Писевски“ – Скопје
– ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје
– ООУ „Никола Карев“ – Кочани
– ООУ „Тошо Арсов“ – Штип
– ООУ „Гоце Делчев“ – Демир Хисар
Државното првенство ќе се одржи во спортската сала, а отворањето ќе биде денес со почеток во 14:15 часот.