Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите истакна:
„Сакам да изразам задоволство, од взаемниот ангажман на СДСМ и партијата БЕСА, за едни вакви средби коишто секако во овие случувања од интерес на јавноста се многу значајни во период кадешто буквално се носат многу значајни одлуки за нашата земја.
Секако разговаравме и уште еднаш ги повторивме ставовите зошто на 24 април, не може и не треба да има избори. Тоа е веќе апсолвирано прашање во јавноста.
Но, сепак ги повторивме сите овие причини услови за фер и демократски избори, очигледно е дека нема, тоа е премногу јасно. Ги очекуваме сите, утре и заклучоците соопштени од меѓународната заедница, согласно кои ќе дадат и прецизни упатства за понатаму.
Нашите ставови се јасно прецизирани во секој аспект. Разговаравме на сите значајни теми, меѓу кои економијата, меѓуетничкиот соживот во државата, иднината на Македонија, загриженоста за младите, за миграцијата која се случува во државата којашто буквално ги тангираат сите етнички заедници во нашата земја. Прашањата од заеднички интерес навистина се преголеми.
Но, секако една работа не спојува сите, промената на власта мора да се случи. Промените се здрави. Секако тоа значи во иднина ваквите комуникации, можните соработки да бидат исправени пред сите нас, но, во секој случај за моментот којшто постоиме како опозициони партии сме овде да разговараме и секојдневно да ја информираме јавноста за нашите ставови.“- рече Заев.
Одговори на новинарски прашања:
Медиуми: Господине, Заев ја споменавте оценката на меѓународната заедница за изборите. Дали ќе има услови? Деновиве е интензивирањето на американскиот и европскиот амбасадор со политичките партии, вие вчера имавте средба со италијанскиот амбасадор, кои се вашите информации каква ќе биде оценката ?
Заев: Јас мислам дека и вие новинарите и граѓаните, знаете што ќе содржи оценката. Тоа го кажувавме од самиот момент, тоа е апсолвирано прашање за нас, и за граѓаните, уште во периодот кога еднострано владеачките партии одлучија да одат на избори. Тоа е дека буквално една работа е јасно докажлива, пресметката во денови од функција на проверката на Избирачкиот список. Тоа е апсолутно така, недостасуваат денови за проверка на избирачкиот список. Секако императивот на Договорот од Пржино е целосен легитимитет на победникот којшто единствено може преку фер и демократски избори да се обезбеди. Оттука очекуваме многу прецизни детали, согласно соопштението коишто амбасадорите на САД и Европската унија го објавија пред некои 20-тина дена, укажувајќи на јавноста дека на 19-ти, ќе излезат со свои ставови. Согласно тоа соопштение ќе бидат детално прецизирани сите аргументации, зошто нема услови за фер и демократски избори. Согласно тоа се надевам дека обврската на сите политички субјекти, но секако и на институциите кои што се веќе создадени, да направат се да ги исполнат тие услови, за фер и демократски избори, за веднаш потоа да може да се организираат избори во Република Македонија.
Медиуми: Господине Заев , ако партиите на власт тераат по своето , дали ќе продолжите со објавување на бомбите?
Заев: Прво, сигурно и вие сфативте, а и сите сфатија дека повеќе работите не зависат од Никола Груевски и од Али Ахмети во оваа наша земја. Така да, секако сум убеден , тоа што ќе биде со факти и со аргументи потврдено и покажано, секој има обврска да го почитува. Тој што нема да го почитува, апсолутно ќе биде вреднуван и обележан дека ја турка Македонија кон поголема политичка криза, која воопшто не и треба. Секако, стабилноста на државата зависи од исполнување на услови за фер и демократски избори и тоа е нешто што мора да биде исполнето.
Медиуми: Господине Заев , разговаравте ле за можна коалција еве да видиме за прв пат една од големите политички партии во коалција со албанска партија?
Заев: Не разговаравме. Денеска разговаравме за можни соработки, разговаравме за заеднички ставови по одредени прашања, разменивме искуства. Она што од теренот го укажуваат нашите активисти и луѓето од БЕСА, луѓето коишто не упатуваат, мислиме дека е се уште рано да се разговара на таа тема, но секако сите можности се отворени.
Медиуми: Господине Заев, што ако владеачката партија не ја прифати препораката на меѓународните посматрачи и медијатори и упорно остане на 24-ти април да се одржат изборите. Останува ли вашиот став да не учествувате на тие избори?
Заев: Секако. Тоа се подразбира. 24 –ти април не е опција за учество на изборите како што гледам на сите опозициони партии, но и на дел од партиите коишто го крепеа владеачкото мнозинство сиве овие години. Знам дека тоа нема да може да си го дозволат ниту Никола Груевски ниту Али Ахмети, од проста причина затоа што тоа ги води во еднонасочен правец на слепа улица. Меѓутоа апсолутно е јасно, а секако знаат истовремено и тие, дека опозицијата нема намера на телевизија да ги гледа еднострано организираните избори. За да има избори , мора да има избор меѓу власт и опозиција. Не постои никаква алтернатива, никаква можност да се организираат еднострани избори. Верувајте постојат сите можни политички механизми на располагање на опозицијата која може да ги искористи , во функција на оневозможување на избори кои ќе бидат еднострано организирани од власта.
Медиуми: Што ако се случи договор за регулација на медиумите денес или во наредните денови и доколку се случи амбасадорите да кажат дека постојат услови за фер и демократски избори. Ќе излезете ли тогаш на избори на 24 – ти април?
Заев: Сакам да го видам тој од ДИК што ќе потпише прочистен избирачки список пред 5- ти март, како што е по закон. Сакам да го видам тој, па дури и амбасадор, што ќе соопшти дека може да се прочисти Избирачкиот список. Заради тоа што пред фактите и аргументите и боговите молчат. Тоа е апсолвирано прашање. Тоа е 100 % така. Така да, ваквото прашање нема цел. Апсолутно е јасно дека утре, а не после една година или после два месеци, утре ќе се соопшти тоа што апсолутно го знаат сите во Македонија, а тоа е дека нема ниту елементарни услови исполнето за да се одржат фер и демократски избори во Македонија.