Во Струга обука од концептот „Општина по мерка на граѓаните“

Фондација „Отворено општество“ – Македонија во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ денеска и утре во Струга организира обука за претставници од граѓански организации на тема „Мониторинг на акциски планови“.

Концептот е имплементиран во партнерство со Општина Струга.

Обуката има цел да им понуди на претставниците на граѓанските организации алатки за надзор на имплементацијата на локалните стратегии и акциски планови за образование, млади, социјална заштита и за соработка со невладиниот сектор во Општина Струга.

По завршувањето на обуката, во текот на март годинава, Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија ќе распише отворен повик за мали грантови за организации, кои би го реализирале надзорот на акциските планови во Општина Струга, во текот на 2016 година.

Извор: meta.mk