По повод 8-ми март, денот кога се одбележува меѓународниот ден на жената, до сите припаднички на понежниот пол, од СВР Охрид упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник.
„Како служба, оддаваме почит и признание на вековната борба на жената за економска, политичка и социјална рамноправност, го цениме трудот на жените и нивниот придонес во изградбата на нашето општество и ја почитуваме улогата на жената во изградбата на демократска заедница на рамноправни граѓани.
На професионален план, посебно ја потенцираме улогата и значењето на жените-полицајки во извршувањето на задачите на безбедносен план, го подржуваме и мотивираме нивниот напредок во службата и целосно ја застапуваме родовата рамноправност. Заедно со жените-полицајки, неселективно продолжуваме во заштита и унапредување на човековите слободи и права.
Нека е честит 8 март.“- стои во честитката.