Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, изнесува 101.7.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е на исто ниво, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 3.4%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 2.8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.5% и Капитални производи за 18.7%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.0%.