СДСМ: ДПМНЕ го призна изборниот грабеж и призна дека стои зад иницијативата до Уставниот суд

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Масовниот одѕив на граѓаните на вчерашниот марш во одбрана на Уставот на Република Македонија уште еднаш ја потврди вербата на граѓаните во борбата за слобода, демократија и европски вредности.

Со организирањето на контра-протести ВМРО-ДПМНЕ го призна изборниот грабеж и призна дека стои зад иницијативата до Уставниот суд.

Свесна за целосно изгубената поддршка кај граѓаните, во страв од соочување со одговорноста за изборниот криминал ВМРО-ДПМНЕ во Охрид потворно ја злоупотреби локалната власт и државните институции за партиски цели.

Денес рано наутро организирани автобуси со околу 200 луѓе, вработени во општината, јавните претпријатија, училиштата, здравствените установи беа принудени да заминат во Скопје пред уставниот суд.

Дополнително, на сите им било наложено да ја почитуваат партиската наредба и доколку не ја исполнат, им се заканува отказно решение од работното место.

За овие злоупотреби мора да следуваат соодветни законски постапки. Секој што го прекршил законот мора да одговара.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.

DSCN3454