Лазаревска: ДПМНЕ не се грижи за училиштата, пример е токму училиштето во Трпејца

Во просториите на Општинската организација на СДСМ Охрид, советничката група на СДСМ во Советот на општината денес одржа прес-конференција, на која се обрати советничката Жаклина Лазаревска.

„Признанието на изборниот криминал по срамната одлука на Уставниот суд е директно поврзана со криминалот и корупцијата. Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, а ВМРО-ДПМНЕ за училиштата во Охрид кадешто учат деца не направи буквално ништо.

Колку локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за училиштата, пример е токму училиштето во село Трпејца, коешто е оставено на забот на времето. Ова училиште е руинирано, нема основни услови за работа, целосно заборавено. Е во ова училиште учат нашите, вашите деца. Ова е реалноста којашто не може да се види на медиумите каде што уредник е Никола Груевски.“– рече Лазаревска.

PressSDSM_17032016b

Како што рече таа, поминаа 3 години откако Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ги презеде училиштата под своја ингеренција, а сеуште нема ниту поставено раководител во Секторот за образование.

„Заради отсуство на организација, координација и меѓусебната соработка на училиштата, најмногу трпат просветните работници и учениците. Оттаму, зошто на лицата коишто исполнуваат услови за решение на неопределено работно време, сеуште тоа решение не им е дадено? Дали овие лица се држат во неизвесност со цел да бидат злоупотребувани и уценувани во текот на предизборниот период? Зошто нема средства за талентираните ученици за учество на големите натпреварувања надвор од државава? Зошто соработката помеѓу училиштата од повеќе градови е сведена на минимум и секое патување значи самофинансирање како за просветните работници, така и за учениците?“– запраша Лазаревска.

20160309_174636 20160309_174702 20160309_175230

WebOhrid