Учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на филмската академија

Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“, заедно со своите наставници, Никица Мишева и Димитрие Ристески, беа во посета на Институтот за филм – Филмска академија, каде остварија средба со познатиот македонски режисер, Иво Трајков.

Професорот Трајков, преку своето предавање, на мошне интересен и сликовит начин, ги воведе учениците во тајните на филмската уметност. Притоа учениците учествуваа со свои прашања, а имаа можност да проследат и анимиран филм, изработен од студентите на Академијата за филм во Прага.

Училиштето изразува голема благодарност до Филмската академија и се надева на понатамошна соработка, што ќе придонесе за развојот на креативноста кај помладите генерации, кои што сé повеќе покажуваат интерес за снимање на сопствени кратки филмови со кои би учествувале на аматерските филмски фестивали.