Денес ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“ во црквата Каменско

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 16:00 часот, на кој ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.