Иванов: Ниту на крај памет не ми паѓа да помилувам педофили, нарко-дилери, силеџии на избори

Ниту на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, нарко-дилери, силеџии на избори, терористи, екстремисти, изјави денеска претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по последната одлука на Уставниот суд поврзана со Законот за помилување.

„Би сакал да им порачам на граѓаните на Република Македонија да бидат спокојни. Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, нарко-дилери, силеџии на избори, терористи, екстремисти. Како и досега, ќе го правам исклучиво она што е исправно и е во интерес на државата”, изјави претседателот Иванов.