Средба на министерот Спасовски и заменик министерот Чавков со амбасадорите Орав и Путни

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков денес во МВР имаа средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г-динот Аиво Орав и заменик амбасадорот во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Бартон Ј. Путни.

На средбата беше потврдена неопходната потреба од меѓусебна соработка помеѓу сите инстанци во Министерството во насока на успешно справување со предизвиците со кои што се соочува и кои што ќе му претстојат на Министерството за внатрешни работи во наредниот период во насока на осигурување одржување на фер и демократски избори и враќање на довербата на граѓаните во функционирањето на институциите на системот.

Воедно, на средбата беше изразена подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за развивање на акциски план за дополнителни организациски подготовки во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а со цел навремена и ефективна соработка со Државната изборна комисија на Република Македонија за ажурирање на избирачкиот список.