Охрид се вклучува во глобалната акција „Часот на Планетата Земја“

Општина Охрид, во соработка со Црвен крст, утре се вклучува во најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата земја“. Во времето од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути, ќе биде исклучено осветлувањето на црквата Света Софија, малиот плоштад кај музичкото училиште и гимназијата Св. „Климент Охридски“.

Истовремено, во период од еден час, во мрак ќе потонат над 178 земји и 7000 градови ширум светот. Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час ќе испратат порака за спас на планетата Земја.